Мурињо казнет со едногодишна затворска казна?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо заработи казна од една година затвор, но нема да оди зад решетки бидејќи ќе плати околу два милиони евра.

Португалскиот тренер денес дојде во судската просторија за да ја заврши спогодбара за две различни обвиненија за затајување на данок. За обете на крајот доби по шест месеци затвор, односно плати по еден милион евра.

Инаку, тој е обвинет за затајување на данок во периодот од 2010. до 2013. година, кога го предводеше Реал Мадрид и престојуваше во Шпанија.

Плаќањето на оваа казна нема да биде проблем за Специјалниот со оглед на тоа дека неодамна доби обештета која следуваше откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед.

За потсетување, Португалецот во текот на месец декември, по поразот од Ливерпул доби отказ од купата на „Црвените ѓаволи“, а на неговото место пристигна Оле Гунар Солскјер.

Со оглед на тоа дека имаше важечки договор со клубот до крајот на сезоната 2019/20, на Португалецот поради отказ му се исплатени 15 милиони фунти. Оваа информација за Дејли Меил ја пренесе извор близок на Мурињо кој додава дека се е решено кога се во прашање Манчестер и португалскиот тренер и дека тој сега може да почне да бара нов клуб.

Британскиот таблоид, пренесува дека до договор за исплаќање на средства дошло откако се состанале агентот на Мурињо и извршниот претседател на Јунајтед, Ед Вуддворд.