Браќата Гасол во ист ден ги менуваат тимовите?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Легендарните шпански кошаркари, браќата По и Марк Гасол би можеле да ги променат своите тимови.

По веројатно набрзо ќе го напушти тимот на Сан Антонио Спарс. Тимот од Тексас се прави за да се ослободи од 38 годишниот центар на кого веќе не сметаат а тој веќе денес би можел да стане поранешен член на Спарси.

Оваа сезона По одигра само 25 натпревари и има просек од 4.5 поени и 4.9 скокови по натпревар. Ова му е прв пат во кариерата да има помалку од 10 поени по натпревари.

Гасол очигледно ќе го промени тимот, а ќе видиме каде ќе заврши овој легендарен кошаркар.

Исто така, неговиот брат Марк ќе го промени тимот. После 11 години, Мемфис Гризлис одлучија да го трејдаат, а негов нов тим би требало да стане Шарлот Хорнетс.

Сепак, покрај понудата од Хорнетс, тука се и неколку други тимови кои би сакале да го доведат 34-годишниот центар и од утре ќе знаеме каде тој ќе заврши.

Марк оваа сезона има многу добро и по натпревар бележи 15.7 поени и 8.6 скокови.