Погба ја почна мисијата: Или најплатен фудбалер во Премиер лигата или заминување во Реал Мадрид?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако Жозе Мурињо заработи отказ на местото тренер во Манчестер Јунајтед, така Пол Погба конечно почна да ја подигнува својата форма и да игра навистина фантастично.

Сепак, се чини дека повторно би можел да го навлече гневот на навивачите на Јунајтед кон себе.

Откако во последно време беа актуелни приказните дека играчите не сакаат да соработуваат со агентот на Погба, Мино Раиола, поради многуте работи како што се провизиите, притисоците и шпекулациите, како и тајните преговори со другите клубови, сега пристигнува веста дека токму Французинот сака да замине од Манчестер Јунајтед.

Како што се наведува, самиот играч му кажал на својот агент да му обезбеди трансфер. Иако, сите очекуваа дека доколку замине од Јунајтед, Погба ќе се врати во Јувентус, тој сака да оди во Реал Мадрид.

Погба смета дека Манчестер Јунајтед не може да се бори за трофеи, како ниту тоа дека во блиска иднина можат да создадат тим кој би му парирал на Манчестер Сити, но и на европските великани во Лигата на шампионите.

Сепак, за разлика од шпанските медиуми, англиските медиуми сето ова го толкуваат како притисок на управата на Јунајтед за да му се понуди нов договор на Погба, по кој би бил најплатен играч во Премиер лигата.

Тој како што се наведува бара повеќе од 20 милиони евра по сезона за да остане, а доколку му се укаже шанса да оди во Реал, сигурно дека би играл за помалку пари.