Берлускони: Тимови во Серија А имаат по 11 странци, нивните имиња не може ни да се изговорат

Некогашниот сопственик на Милан, контроверзниот Силвио Берлускони се врати во фудбалот купувајќи го италијанскиот третолигаш Монца.

Тој таму веднаш го доведе и Андријано Галијани, некогашната своја десна рака, а сега повторно подигна прашина со изјава во свој стил.

„Некои сега говорат дека моите компании имаат пари на странски сметки и дека тие пари се вратиле со продавањето на Милан. Моите компании никогаш немале средства надвор од Италија. Само будали можат да тврдат друго“, изјави Берлускони за Рете 4 и додаде:

„Сакам играчи кои ќе се извинат по направениот фаул над противникот, кои еманципирано разговараат со судиите и даваат автограми. Многу тимови во Серија А имаат по 11 странци на теренот, играчи чии имиња не можат да се изговорат и на кој никому не се пример“, порача некогашниот премиер на Италија.