Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал долго време е клуб во кој незадоволството расте како тумор. Навивачите го сакаат заминувањето на Венгер, додека навивачите на другите англиски клубови се прашуваат ако тој замине кој ќе биде четврт? Но не е само работата до навивачите, тоа ни го покажа и еден поранешен вработен во клубот.
Имено, книговодител во фан-шопот на Арсенал даде отказ после изјавата на Венгер во која Арсен јасно кажа дека пари за засилувања нема бидејќи треба да се платат 600 вработени во клубот. Тоа го изјави после ремито со Лестер.
После таа изјава, вработениот во клубот само го напиша својот отказ.
„Голем навивач на Арсенал сум, но жал ми е, давам отказ. Последниот ден во клубот ќе биде 9.9.2016. Уживав работејќи во клубот за кој навивам, тоа беше остварување на мојот сон. Заминувам поради срамната изјава на Венгер кој рече дека клубот мора да рани 600 гладни усти па нема за засилувања. Заработував 7.2 фунти по час. Имав 270 фунти неделна заработка. Волкот во еден ден заработува многу повеќе од мојата годишна плата. Не сакам да бидам терет на клубот, со моево заминување Венгер можеби ќе има пари за засилувања. Среќно, благодарам за се“ – напиша во писмото