Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тотенхем по поразот од Барнли во претходното коло во Премиер лигата фактички излезе од борбата за титулата.
Спарси во текот на сезоната играат одлично, а средбата со Банрли им беше шанса да му се приближат на водечкиот Ливерпул, меѓутоа на крајот изгубија и титулата е се подалеку за лондонскиот тим.
Тренерот на Тотенхем, Покетино изјави дека му е жал за поразот, а додаде дека и покрај тоа што неговиот тим добро игра, титулата е предалеку за нив.
„Во последните 10-12 натпревари е потребно да се биде јак, да се доминира и да се покаже дека сте вистински кандидат за титулата. Ние во саботата против Барнли покажавме дека сме добар тим, дека имаме квалитети, но не и за титула. Тоа е реалноста и мислам дека играчите го мислат истото. Искрено, разочаран сум, не покажавме доволно енергија и став. Ме загрижува што немавме амбиција“, изјави Покетино.
Продолжението од шампионатот на Тотенхем им носи средби со Челси и Арсенал, а Покетино смета дека играчите лесно се мотивираат за такви натпревари, но потребно е играчите да се мотивираат и со послабите тимови.