Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми денес соопштија дека Роналдо сепак би требало да ги помине прегледите на медицинскиот тим на Јуве и да добие „зелено светло“ за натпреварот против Наполи.
Се шпекулираше дека Роналдо би можел да го пропушти гостувањето во Наполи оваа недела поради проблеми со скочниот зглоб, но Јувентус соопшти дека Португалецот денес нормално тренираше со остатокот од тимот.
Сепак, треба да се причека конечната одлука на лекарскиот тим и стручниот штаб на Старата дама, со обзир дека лидерот на Серија А има моментално 13 бодови повеќе во однос на второпласираниот Наполи и дека наскоро ги очекува тежок предизвик во реваншот на 1/8 финалето од ЛШ. Да потсетиме, Јувентус изгуби 2-0 од Атлетко Мадрид, па ќе има тешка задача дома.