Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Реал Мадрид загуби со убедливи 0-3 на „Сантијаго Бернабеу“ од Барселона во реваншот од полуфиналето на шпанскиот Куп, па Каталонците решија да го „пецнат“ ривалот по мечот.
На Твитер профилот на Барселона на англиски јазик беше објавена фотографија од мечот на која Лука Модриќ го влече за дрес Лионел Меси во очаен обид да го запре.
Каталонците тоа го искористија за да го посрамотат Хрватот.
„Многу е полесно да се купи дресот на Меси во нашите онлајн продавници“, пишува на официјалниот сајт.
?? It’s much easier to get a #Messi shirt by going to our online store ? https://t.co/Of4Zk6Ygg9 ? pic.twitter.com/Q5VC9dtSXZ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 1, 2019
Секако, твитот беше пречекан со задоволство кај навивачите на Барселона, а „кралевите“ ќе имаат шанса да се одмаздат во сабота од 20.45 во шпанската Ла Лига.