Покетино ги разбесни навивачите на Тотенхем: Конечно освоив трофеј?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурисио Покетино важи за еден од најдобрите тренери на светот во овој момент.

Неговиот Тотенхем игра фантастичен и атрактивен фудбал, но она што му недостасува се трофеи.

Покетино неодамна доби награда за најдобар тренер во Премиер лигата за 2018. година, па поради тоа се пошегува на своја сметка.

„Конечно добив некој трофеј“, истакна и така можеби несвесно „стави сол“ на раната на навивачите на Спарси кои желно очекуваат некој трофеј.

Моментално се наоѓаат на третата позиција во Премиер лигата, а во сабота го пречекуваат Арсенал во големото лондонско дерби.