Мурињо со филозовски одговор го обвини Погба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо имаше големи проблеми со Пол Погба, па Французинот беше на прагот да замине од „Олд Трафорд“ поради тоа.

Сепак, по пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер многу работи се променија, па Погба игра како прероден.

„Секогаш се обидувате да најдете решение за сите проблеми, но секогаш постои проблем за кој не може да пронајдете решние. Кога фудбалерот игра, тој го сака тренерот, а кога не игра, тогаш не го сака. Тоа е природа која не може да се промени. Од друга страна, постојат фудбалери кои се во феноменални односи со еден тренер, а со другиот тоа не е така. Тоа е хемија“, вели Мурињо.

Португалецот го обвини Погба дека не работел на подобрување на односите со него.