Исландскиот јунак од Евро направи одличен трансфер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Исланд е една од најубавите приказни од овогодинешното Европско првенство кое е одржано во Франција.

Еден од стандардните членови на оваа репрезентација Рагнер Сигурдсон благодарение на одличните настапи на Евро направи одличен трансфер и денес официјално е претставен во Фулам.

Овој дефанзивец во лондонскиот клуб стигна од рускиот Краснодар за сума која сеуште не е објавена, а се претпоставува дека вратата од овој клуб му ја отвори погодокот кој го постигна во победата против Англија (2:1), кога слушна за него. Сигурдсон (30) сега е член на англиската Чемпионшип и потпиша договор на две години.