Бјелса извиси, ништо од Гвардиол, Лајпциг повторно ја полни касата на „модрите“!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Очигледно, Марсело Бјелса нема да добие засилување од Балканот.

Како што пренесува Јутарњи, поливалентниот дефанзивец Јошко Гвардиол ја одбил понудата на Англичаните да се пресели на Островот и ги договорил сите услови со Лајпциг.

Хрватот има 18 години, важи за еден од најталентираните играчи на неговата генерација во Европа, што го забележаа „биковите“ кои исто така подготвија атрактивна понуда.

Гвардиол ќе потпише петгодишен договор со Германците, што ќе им донесе заработка на „модрите“ дури 19 милиони евра со дополнителни милионски бонуси.

На Лајпциг му одговара тоа што фудбалерот останува на позајмица во Загреб до зимата или крајот на сезоната, сè зависи од европскиот пат на Динамо.

Бундеслигашот минатата зима веќе соработуваше со Динамо, од каде пристигна Дани Олмо за 21 милион евра.