Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Алегри многу брзо би можел да остане без работа. Неговата единствена шанса да остане на таа позиција, според шпекулациите на италијанските медиуми е поминување во 1/4 финалето од ЛШ.
Тоа ќе биде исклучително тешко со обзир на тоа дека Јуве во реваншот од 1/8 финалето на свој терен ќе мора да надокнади 2-0 од првата средба со Атлетико Мадрид, тим кој ја има една од најцврстите одбрани во светот на фудбалот.
Веќе некое време се шпекулира околу кандидатите за кормило на Старата дама во случај Алегри да си замине, а сега на „Чизмата“ стигнуваат сензационални вести.
Имено, Јувентус наводно сака да го ангажира тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Оваа информација ја донесува новинарот на Il Giornalea, Луиџи Гуелпа, истиот човек кој го најави трансферот на Роналдо во Јувентус.