ПСЖ ќе го прави Облак најскапиот светски голман


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ во текот на летниот преоден рок ќе се обидат да ја засилат голманската позиција со еден од најдобрите голмани на денешницата, Јан Облак.

Словенскиот интернационалец кој се шпекулира дека ќе потпише нов договор со Атлетико Мадрид е силна желба на шеиците кои се на чело на клубот од Париз.

Идејата за нов голман доаѓа по киксот на Буфон на средбата против Манчестер Јунајтед. Ветеранот лошо реагираше при еден удар на Рашфорд, а одбиената топка во гол ја претвори Ромелу Лукаку.

Доколку го сака во своите редови, ПСЖ за Јан Облак ќе мора да издвои најмалку 100 милиони евра.