Раниери во својот нов мандат на клупата на Рома, го објави првиот список фудбалери за утрешното деби…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Рома, Клаудио Раниери ги одбра фудбалерите на кои смета во средбата против Емполи утревечер.

Некогашниот тренер на Лестер утре ќе го има своето деби во својот нов мандат на клупата на Римската волчица, а противникот ќе биде Емполи.

На оваа средба, Раниери нема да може да смета на капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко кој поради картон нема да може да игра.

Ова е и списокот на сите фудбалери на кои Раниери ќе смета во утрешниот меч.

Олсен, Фузато, Миранте, Карсдорп, Хуан Хесус, Маркано, Сантон, Флоренци, Семераро, Каргнелути, Кистанте, Чорич, Заниоло, Н’Зонзи, Рикарди, Пезела, Пероти, Шик.

Средбата ќе се игра утре со почеток од 20:30 часот.