Гасперини делеше шамари во Џенова – го чека жестока казна! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аталанта вчера ја совлада Сампдорија во Џенова со 2-1, а на домаќините не им помогна ниту најдобриот стрелец во лигата, Фабио Кваљарело, кој повторно беше ефикасен.

Токму неговиот гол од 67. минута од пенал беше предмет на расправа бидејќи тренерот на гостите Џанпјеро Гасперини сметаше дека нема повод пеналот да се досуди.

Толку беше бесен што заработи исклучување, а на пет кон соблекувалната се скара и со генералниот секретар на Сампдорија, Масимо.

„Беше на место каде што не требаше да биде и ми стоеше на патот, само го поместив за да поминам“, кажа Гасперини по мечот.

Откако тоа се забележа и на снимката, управата на Серија А би можела жестоко да го казни искусниот стратег, па можеби ќе му забрани и да го води тимот на наредниот меч.