Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На неполн час до почетокот на натпреварот помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид тренерите ги објавија составите со кои ќе истрчаат на „Алијанц“ стадионот во Торино.
Алегри на голот ќе започне со стандардниот Шчезни, на левата бековска позиција ќе го има Спиназола, во срцето на одбраната стандардните Бонучи и Кјелини, а по десната бековска страна ќе игра Кансело. Средниот ред ќе го сочинуваат Матуиди, Пјаниќ и Чан, додека во нападот ќе бидат Роналдо, Манџукиќ и Бернардески.
Симеоне имаше помали проблеми во составувањето на тимот затоа што може да смета на капитенот Диего Годин кој ќе стартува од првата минута. На голот ќе биде Облак, а освен Годин во одбраната ќе се Хименез, Аријас и Хуанфран. Во средниот ред ќе бидат Коке и Родри, а поофанзивно ќе делуваат Саул и Лемар. Во нападот е најдобриот играч на Атлетико Гризман како и поранешниот фудбалер на Јувентус, Алваро Мората.