Зидан добил вистинско богатство за враќањето во Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан без многу размислување го прифатил повикот на Реал Мадрид да се врати на тренерската позиција, каде што претходно работеше со многу успех.

Французинот по една година се враќа во тимот, каде што освои многу трофеи и како фудбалер и како тренер, а сега се наоѓа пред нов предизвик.

Зидан се поврзуваше со многу гиганти, а на крајот реши да се врати на клупата на „кралевите“, а претседателот Флорентино Перез морал добро да го отвори „новчаникот“ за платата на Французинот.

Французинот според новиот договор заработува 12 милиони евра годишно, дури шест милиони евра повеќе, отколку што добиваше во првиот мандат.

Зидан е среќен што повторно е на тренерската клупа на „кралевите“ и подготвен е за предизвиците кои следуваат.

„Многу сум среќен што се вратив тука. Верувам дека ова е посебен ден за сите. Утре тргнувам со својата цел, а тоа е да го вратам клубот каде што му е местото. Навистина е посебно чувството да се вратите во тимот. Морам да кажам дека одговорноста е навистина голема“, кажа Зидан.

Сите се надеваат дека Французинот ќе добие многу засилувања во текот на летото, па наредната сезона ќе може да се бори за сите можни трофеи, а веќе се споменуваа неколку потенцијални засилувања, меѓу кои се Еден Азар, Нејмар…