Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус победи со 3-0 против Атлетико Мадрид во реваншот од Лигата на шампиони и така се пласираше во следното коло од натпреварувањето, а интересно е тоа што хет-трикот на Кристијано Роналдо ги крена акциите на клубот за повеќе од 20 проценти.
Јуве во средата ја дочека италијанската берза со износ од 1,58 евра по акција, а тоа е зголемување од 24% во однос на 1,22 евра, колку што беше цената на акциите во вторникот.
Ова зголемување доаѓа три недели откако цената на акциите на Јувентус падна по поразот од 0-2 од Атлетико Мадрид во првиот меч.
Хет-трикот на Роналдо во победата му обезбеди на Јувентус пласман во четвртфинале во елитното европско натпреварување, но и заработка од најмалку 10,5 милиони евра.