Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед го доби тимот на Барселона на ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампиони, а тоа го мотивира тренерот Оле Гунар Солскјер.
„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да елиминираат еден од фаворитите за освојување на титулата, па двата гиганти ќе одиграат одличен меч, по вкус на целиот свет, според тренерот на Јунајтед.
„Сакаме вакви натпревари. Игравме повеќепати со нив, а токму за такви натпревари нашите навивачи сонуваат, како и целиот наш клуб“, кажа Солскјер.
Првиот меч меѓу Јунајтед и Барселона се игра во Англија, но тоа не е проблем според Солскјер.
„Јас размислувам различно. Повеќе сакам гостувања како тоа во Париз. Ако остварите добар резултат, тогаш може да го повредите противникот во ревнашот“, вели Солскјер.