Оспина закрепнува: Стигнуваат информации дека ќе се врати побрзо од очекуваното…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчерашната победа на Наполи остана во сенка на големата драма која ја имаше на крајот од првото полувреме, Колумбиецот поради претходната повреда на главата ја загуби свеста.

Сепак, денес состојба на голманот е постабилна што може да го потврди и неговиот татко.

„Подобар е! Немав шанси да се слушнам со него, но мојата сопруга е со него постојано. Беше принуден да прави бројни тестови, постои можност да заигра и за репрезентацијата на Колумбија“, истакна Ернан Оспина за Радио CRC.

Колумбиецот моментално на „Сан Паоло“ игра како позајмен играч од Арсенал, изгледа дека следува откуп на договорот на 30-годишниот голман.

„Разговараме за условите кои се потребни да се исполнат за откуп. Среќен е додека игра за Наполи и тоа е она што тој го сака. Имем позитивни сигнали од страна на челниците на Наполи“, заклучи таткото на Оспина.