Треба ли да значи нешто ова? -Маркос Рохо тренира со својот поранешен клуб (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Маркос Рохо од Манчестер Јунајтед е се поверојатно ова лето, а од клубот денес, на неговиот 29 роденден му дозволија една несекојдневна работа.

Имено,  Маркос Рохо кој нема добиено голема шанса од Оле Гунар Солскјер во моментов тренира со тимот на Естудијантес во родната Аргентина.

Секако дека ова е само за репрезентативната пауза, па Рохо за нешто повеќе од една недела ќе се врати во Манчестер каде ќе продолжи да се наметнува на Солскјер.

Како и да е, веројанто е дека Јунајтед ќе сака да се ослободи од Рохо затоа што тој има големи примања од 100.000 фунти неделна плата.