До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кристијано Роналдо е вистинска „машина“ за голови. Таму каде што застана во Реал Мадрид, продолжи во Јувентус без оглед на критиките кои ги доби.
Многумина му замеруваат на Роналдо бидејќи најголем број од своите погодоци ги постигнува од белата точка, најчесто откако неговите соиграчи ќе го завршат поголемиот дел од работата, тој само ја „турка“ топката во мрежата.
Меѓутоа, не е лесно да се дојде во ситуација за лесен гол. Бидејќи потребен е осет за гол и одлична игра без топка, а потоа е лесно истата да се „втурне“ во противничката мрежа.
Оваа видео компилација или подобро кажано, анализа на движењето на Роналдо без топка, докажува дека Португалецот напорно работи за повеќето прилики во кои се наоѓа.
Роналдо прави многу интелегентни движења кога е без топка, што најчесто не е забележано од многумина бидејќи сепак неговите пробивања и голови се во фокус.
Едноставно, Португалецот има особина да го „сврти противиникот на глава“ со своите движења и тоа често го води кон шанса за гол без разлика како и со колку играчи ќе го маркира противникот.
Како изгледаат движењата на Роналдо можете да погледнете во видеото подолу:
Cristiano Ronaldo – Attributes analysis
– Off the ball movement pic.twitter.com/emnhZgy8Zv
— Diego (@Ronaldocomps7) March 27, 2019









