Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике жестоко го критикуваше Реал Мадрид во една популарна ТВ-емисија.
Водителот на емисијата „Ла Ресистенција“ во еден момент го праша Пике колку пати во последниот месец имал сексуални односи. Стоперот на Каталонците одговори со потпрашање, јасно мислејќи на победите на Барселона против Реал во Мадрид.
„Се сметаат ли натпреварите на ‘Сантијаго Бернабеу’?“, праша Пике и ги насмеа поддржувачите на Барселона.
Не го штедеше ниту градскиот ривал, екипата на Еспањол. Тој доби прашање колку пари има, а имаше и јасен одговор.
„Имам повеќе пари отколку што изнесува буџетот на Еспањол за сезонава. Не, не само 57 милиони евра, туку многу повеќе“, порача Пике.
— ¿Cuántas veces has follado en el último mes?
— ¿Cuentan las del Bernabéu?BRUTAL!!#Pique #Barça
?vía @LaResistencia pic.twitter.com/N9tM5WdrtP— Alkalde (@jmuriedas) March 29, 2019