Откриен новиот дрес на Манчестер Јунајтед за следната сезона (Фото)

Специјализираната страна која се занимава со откривање на новите дресови на клубовите „Footy headlines“ го претстави новиот дрес на Манчестер Јунајтед.

Дресот е инспириран од историската 1999 година кога Манчестер Јунајтед ги комплетираше трите најголеми трофеи кои може да ги освои еден англиски клуб, Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.

Дресот на прв поглед изгледа прекрасно и ќе биде вистинско освежување за „ѓаволите“ кои оваа година се во нешто потемна варијанта.