Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо на крајот на сезоната би можел да ја напушти Барселона, иако во клубот стигна како големо засилување од Ливерпул.
Барселона со сите сили работеше на трансферот на Кутињо, кој го платија неверојатни 160 милиони евра, па тој стана најскап фудбалер во нивната историја.
Меѓутоа, Кутињо во Барселона сезонава не се прослави и поради тоа најверојатно на лето ќе го напушти клубот. Наводно, Каталонците се подготвени да ја намалат цената за Бразилецот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Кутињо очекувал да биде замена за Андрес Иниеста кога пристигнал во Барселона, но Ернесто Валверде го користел како крилен напаѓач, а тоа очигледно не му одговарало.
Кутињо имал врска да игра на позицијата на фудбалер за врска, каде што имаше неколку добри меча за Барселона. Но, Валверде не се откажува од идејата Бразилецот да игра како крилен напаѓач.