Последниот воз за заработка на Челси: Шпанецот се поизвесно да се пресели во Милано…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, 31-годишниот напаѓач на Челси, Педро на лето би можел да го напушти Лондон.

Имено, за услугите на бившиот фудбалер на Барселона интерес покажаа градските ривали Милан и Интер.

Овој шпански фудбалер во англиската престолнина пристигна во 2015. година, запиша 173 настапи за „Плавите“ до денес и постигна 37 погодоци.

Оваа сезона е во солидна форма, постигна осум погодоци на 26 запишани настапи.

Договорот со клубот му истекува летото 2020. година, иако англиските медиуми тврдат дека би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по завршувањето на сезоната, со оглед на тоа дека миланските екипи со задоволство го гледаат во своите редови од летово.

Сепак, тука е проблемот и со забраната за трансфери која ја има Челси, па прашање е дали ќе сакаат да го пуштат Шпанецот.

Од друга страна, можеби летото е последна шанса да заработат нешто на неговото заминување, а за потсетување во клубот ќе пристигне и Кристијан Пулишиќ од Дортмунд, додека следната сезона сериозна шанса секако ќе добие и младиот Калум Хадсон-Одои.