Сити посакува фудбалер на Атлетико Мадрид


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во претходните неколку денови се шпекулираше дека Манчестер Сити е заинтересиран за Саул Нигез, но сега главен фаворит за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед кој ќе остане без Андер Ерера во летниот преоден рок.

Токму затоа, Сити идентификувале нова трансфер цел која исто така доаѓа од редовите на Атлетико Мадрид.

„Граѓаните“ во своите редови го посакуваат 22 годишниот фудбалер на „јорганџиите“ Родриго.

Популарниот Родри на „Ванда Меторполитано“ пристигна пред само една година од редовите на Вилјареал и веднаш се наметна како стабилен избор во средниот ред.