За нив е мртов: Лидерот на навивачите ја забрани прославата на голот на Мауро Икарди

Потполна тишина.

Мауро Икарди синоќа се врати во составот на Интер.

Аргентинскиот напаѓач постигна гол од пенал во сигурната победа над Џенова со резултат од 0:4, а за навивачите на Неразурите неговиот повраток во екипата воопшто не е важен.

Кога Икарди ја погоди мрежата од пенал, лидерот на навивачите на Интер забрани „прослава“ на погодокот и ја замолчи трибината.

Тоа е само уште еден доказ како Аргентинецот ја изгубил почитта од навивачите на италијанскиот великан, која веројатно никогаш нема да се врати.