Дортмунд во големи проблеми пред натпреварот на сезоната


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Милионерите“ гостуваат во Минхен во најважниот натпревар од сезоната во германската Бундеслига.

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре за овој натпревар нема да може да смета на двајца многу важни играчи.

Станува збор за најдобриот стрелец на тимот, Пако Алкасер кој игра во животна форма, како и португалскиот репрезентативец Рафаел Гереро. Двајцата не отпатуваа во Минхен, а позитивно за Фавре е тоа што во тимот се враќаат Дијало, Пишчек и Серхио Гомес.