Борусија се договори со замената за Пулишиќ: Ливерпул нудеше поголема сума, но Белгиецот ги одбра „Милионерите“…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот тим пронајде замена за Пулишиќ. Се чини дека Борусија Дортмунд веќе договори големо засилување.

Како што пренесуваат германските медиуми, Торган Азар, помладиот бра на познатиот Еден Азар од Челси, постигна устмен договор со Борусија Дортмунд.

25-годишниот офанзивен играч за врска има договор со Менхенгладбах до 2020. година, а клубот потврди дека Белгиецот одбил да го продолжи договорот.

Дортмунд би требало да му плати на Менхенгладбах 40 милиони евра за Азар, а како што се наведува Ливерпул веќе понудил поголема сума, но Белгиецот се одлучил за германскиот тим бидејќи верува дека таму ќе има повеќе шанси во првиот тим.

Азар така се чини е идеална замена за Кристијан Пулишиќ кој на крајот на оваа сезона ќе замине во англиски Челси.