Симеоне има јасна цел: Икарди во Атлетико како замена за „проблематичниот“ Диего Коста...?!

Управата на мадридски Атлетико му понуди на Интер 75 милиони евра за трансфер на капитенот Мауро Икарди, пренесува Коријере дело Спорт.

Како што се наведува, „проблематичниот“ Аргентинец е желба на тренерот Диего Симеоне и проектиран е како замена исто така за „проблематичниот“ Диего Коста.

Икарди оваа сезона одигра 29 натпревари за Интер и постигна 16 погодоци.

Тој пред повеќе од еден месец остана без капитенската лента, откако неговата сопруга и менаџер Ванда Нара влезе во отворен судир со управата на „Нероаѕурите“.