Направи чудо во Тотенхем, а сега е најбараниот човек во Премиер лигата…?!

Лајпциг со пристигнувањето на Дитер Матешиќ направи вистинско мало чудо, бидејќи успеа за помалку од деценија да се пласира во Бундеслигата каде има одлични резултати.

Еден од најзаслужните е лидерот на скаут службата, Пол Мичел кој на истокот на Германија пристигна пред две години по епизодата во Тотенхем каде успеа да донесе играчи како Деле Али, Трипие и Алдервајлд.

Сега стекна фантастична репутација и во рамки на Европа, па не е ниту чудо за неговите услуги да имаат интерес великаните од Островот како Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челси.

Англиските клубови оддамна го преминаа системот на функционирање во кој тренерот се прашува и за трансферите, па јасно е дека во модерниот фудбал потребна им е помош во ликот на спортски директор.

Мичел нема особено забележана играчка кариера бидејќи настапуваше претежно за англиските клубови во пониските рангови, но многу е почитуван во фудбалските кругови поради способноста да пронајде талентирани играчи.