„Скај Спортс“: Един Џеко понуден на клуб од Премиер лигата


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Еден од најдобрите спортски медиуми „Скај Спортс“ пренесува дека Един Џеко е понуден на тимот на Вест Хем.

Договорот на 33 годишниот фудбалер на Рома истекува ова лето и тој како слободен агент ќе може да се пресели во нова средина.

Џеко се пресели во Рим во 2015 година и од тогаш на 171 натпревар постигна вкупно 86 погодоци за „Волчицата“.

Минатото лето беше пред трансфер во Челси, но истиот не се реализира, па Босанецот остана на „Олимпико“.

Џеко играше под водство на сегашниот стратег на „чеканите“ Мануел Пелегрини во редовите на Манчестер Сити каде на 80 натпревари постигна 32 погодоци.