Облак потпиша договор – неговата откупна клаузула е „боли глава“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што се најавуваше во претходните недели, талентираниот голман Јан Облак денеска потпиша договор со Атлетико Мадрид.

Словенецот веќе долго време важи за еден од најдобрите голмани во светот, па за неговите услуги се заинтересирани голем број гиганти, но неговата иднина дефинитивно е во Атлетико.

Облак потпиша нов договор до 2023 година со Атлетико, па ќе добива годишна плата од дури 10 милиони евра.

„АС“ пишува дека во договорот на Облак има клаузула, според која Атлетико ќе мора да прифати понуда од 120 милиони евра доколку се појави купувач.

Облак пристигна во Атлетико во 2014 година, откако претходно настапуваше за Бенфика. Инаку, со шпанската екипа во претходниот период ги освои Лига Европа, Суперкуп на Европа, Суперкуп на Шпанија, а настапуваше и во финалето на Лигата на шампиони.