Един Џеко кажа „ДА“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко(33) најверојатно ќе ја напушти Рома.

После четири многу успешни сезони босанскиот Дијамант одлучи да ги спакува куферите и да го напушти клубот и покрај тоа што поврзуваше со англискиот Вест Хем, очигледно е дека Един нема да оди далеку.

Италијанските медиуми утринава објавија вест во која пишуваат дека Џеко го прифатил трансферот во екипата на Интер. Неофицијално на Неразурите им рекол „да“, а овие денови се очекува целата постапка да се официјализира.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина во Интер ќе добие двегодишен договор. Наводно платата која ќе ја зема во Интер ќе му биде малку помала од онаа која ја зема во Рома (4.5 милиони евра по сезона), но Џеко изјави дека е спремен на нови предизвици и дека парите не му претставуваат никаков услов.

Един во Интер најверојатно ќе пристигне како замена за аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди кој ова лето најверојатно ќе биде продаден и она што преостанува е тимот на Џузепе Меаца да се договори со Рома околу сумата за Џеко.

Волчицата е спремна да го продаде за 15 милиони евра, што сигурно е добра цена за играч кој има 33 години и чиј договор истекува во јуни наредната година.