Сити ќе го продолжи договорот со Стоунс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити е спремен да му понуди нов договор на стоперот Џон Стоунс.
Овој 24 годишен фудбалер во Етихад пристигна во 2016 години од Евертон, а за Граѓаните има одиграно преку 100 натпревари.

Тој оваа сезона има настапувано на 36 натпревари за Манчестер Сити, но во последно реме се почесто натпреварите ги започнува од клупата, но тоа најверојатно е поради тоа што Пеп Гардиола сака да има повеќе опции во одбраната.

Стоунс со Сити има договор до 2022 година, а според англиските медиуми, актуелниот првак во Англија сака да му изрази благодарност со нов и подобрен договор и да му доведат до знаење дека и во иднина сметаат на него.

Стоунс се натпреваруваше во Светското Првенство одирано минатата година во Русија, каде со репрезентацијата на Англија дојде до полуфинале.