Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Росоњерите имаат уште пет кола за да ја спасат сезоната.
Момците на Гатузо имаа среќа оваа недела, нивниот кикс против Парма можно е да помине неказнето поради ремито помеѓу Интер и Рома, секако тука е и Аталанта која вечерва има натпревар против Наполи.
Со евентуалната победа, клубот од Бергамо ќе се искачи на позицијата број четири која води до квалификациите за Лигата на Шампионите.
Американците се загрижени за своите финансии, никој од играчкиот ниту пак од стручниот кадар не е сигурен, но едно име се издвојува како прв кој ќе биде „прогонет“ од „Сан Сиро“.
Калчомеркато пишува дека едно од најголемите разочарување Хакан Чалханоглу, кој е многу блиску до повраток во Бундеслигата.
Турскиот фудбалер не се покажува во најдобро светло и не пружи натпревари какви што се очекуваат од него, во Серија А одигра 31 натпревар со 1 постигнат гол и шест асистенции.
Росонерите не сакаат да губат финансии на него, пред скоро две години во него вложија 22 милиони евра а се надеваат дека можат барем толку да повратат.
Од Бундеслигата како опција се споменува РБ Лајпциг, а Турчинот во Германија остана најмногу запамтен по своите партии во Баер Леверкузен.