Роналдо со одговор на шпекулациите кои го поврзуваа со заминување до Јувентус

По елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите брзо се појавија информации дека Кристијано Роналдо бил незадоволен во Торино и дека во летниот преоден рок ќе побарал да си замине од тимот.

Сепак, Португалецот многу брзо ги отфрли тие шпекулации и посочи дека тој ќе остане во клубот и следната сезона.

„Многу сум среќен што ја освоивме титулата во мојата прва сезона тука. Ова беше одлична сезона за Јувентус, ние исто така го освоивме и Суперкупот. Не одигравме како што треба во Лигата на шампионите, но следната година ќе имаме шанса за поправен“- истакна Роналдо.