Икарди ги одби Атлетико и ПСЖ и се согласува на шокантен трансфер

Аргентинецот не сака надвор од Италија.

Мауро Икарди се наоѓа на излезните врати на Интер.

Аргентинецот во изминатите месеци има огромни проблеми со раководството на тимот, соиграчите и навивачите и на никој не му е омилен поради тоа што го направи.
Веројатноста дека овој 26 годишен играч ќе ја напушти екипата на Џузепе Меаца е се поголема, но сеуште не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера.

Понуди пристигнуваат од сите страни, а официјални понуди до тимот од Милано испратија Атлетико и ПСЖ. Меѓутоа Икарди одлучи да ги одбие тие понуди бидејќи не сака да ја напушти Италија и посакува трансфер во Јувентус.

Интер не сака да ја засилува своојата конкуренција и раководството на тимот не прифатило да го продадат на Старата Дама. Меѓутоа, економските причини и амбициите за кариера, Икарди го водат кон Торино и најверојатно може да се случи да го видиме во дресот на првакот во Италија од наредната сезона.