Марота го одреди буџетот за доведување на Един Џеко


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со Миралем Пјаниќ, Един Џеко е една од најголемите звезди на босанската репрезентација и како се ближи преодниот рок се повеќе се шпекулира за иднината на популарниот Дијамант.

Ако им веруваме на пишувањата на Италијанските медиуми „најзаинтересирани“ за Џеко се тимот на Интер, но под услови кои им одговараат на Неразурите.

La Gazzetta dello Sport пишува дека миланскиот клуб го одредил буџетот за трансферот на искусниот напаѓач. Спортскиот директор на повеќекратниот првак во Италија, Марота за Џеко не планира да потроши повеќе од 12 милиони евра.

Буџетот на Интер е помал за осум милиони евра од оној колку што Рома посакува.

Волчицата е одлучна и за играчкиот картон на Џеко сака да добие 20 милиони евра.

Со оглед на тоа што договорот не му е продолжен, уште сега е јасно дека капитенот на Змејовите од наредната натпреварувачка година ќе биде член на некој друг клуб.