Диего Коста ова лето ќе учествува во интересна размена на играчи…?!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Се чини дека Бразилецот со шпански пасош, Диего Коста би можел ова лето да ги напушти редовите на Атлетико Мадрид, но кариерата нема да ја продолжи во далечната Кина.

Коста пред нешто повеќе од една година се врати во Атлетико. „Јорганџиите“ поради него соборија клупски рекорд бидејќи го платија 66 милиони евра, но тој не покажа речиси ништо.

Како шлаг на тортата пристигна и суспензијата од осум натпревари по исклучувањето против Барселона, а потоа Бразилецот не се појави на ниту еден тренинг.

Сето тоа ги наведе челниците на Атлетико Мадрид да дојдат до идеја за продажба, но сега како што се надеваат имаат интересна понуда.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, ПСЖ заинтересиран е да им го отстапи Едисон Кавани за Ателтико во спротивен правец да го испрати Коста. Во редовите на паришката екипа сметаат дека искуството и борбеноста на Диего Коста може да им помогне да стигнат до Лигата на шампионите, а покрај тоа подготвени се да се борат со неговиот непријатен карактер.

Инаку, Коста изминатите недели повторно се поврзуваше со заминување во Кина, а што од се ќе се случи, останува да видиме.

Пред неколку дена за судбината на Коста зборуваше и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Делуваше како да го гледа во неговите редови и следната сезона.

„Немаше добра сезона, повредите го мачеа, но за следната сезона не се сомневам дека ќе биде во форма. Уведен сум дека во текот на предсезоната ќе покажа страст и глад да го поправи тоа што му се случи оваа сезона“, истакна Симеоне.

Потоа зборуваше за тоа дали Коста ќе се задржи во клубот и следната сезона. Постојат приказни дека тој би можел да се пресели во Кина.