Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија Дортмунд покажа интерес за суперталентираниот напаѓач на Фламенго, Рејнер Жезус, пренесува новинар на порталот „Гол“, Ронан Марфи.
Ова момче припаѓа во редовите на најталентирани фудбалери во Бразил, па за неговите услуги интерес покажа и мадридски Реал, се зборувашер дека се подготвени да платат и откупна клаузула од 65 милиони евра за Рејнер.
Сега Борусија се вклучи во приказната и како што стојат работите ќе понудат околу 30 милиони евра, за да го проверат пулсот на Фламенго.
Реал веќе додаде двајца млади Бразилци, Винисијус е од Фламенго стигна изминатото лето и воодушеви, ова лето во клубот пристигнува и Родриго Гоеш од Сантос, а изгледа дека на „Сигнал Идуна Парк“ увидоа дека добра е идејата да се купуваат млади таленти од земјата на самбата, кафето и фудбалот, па и ако се тие скапи.
Останува да се види дали Рајнер ќе ја продолжи на друго место кариерата, се споменуваше и Ливерпул, но нема сомнеж дека пред него е блескава иднина.