Вардарци доминантно против Пик Сегед

Екипата на Вардар забележа злато вредна победа во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пик Сегед.

Вардарци во преполната „Јане Сандански“ славеа со 31:23 издигнувајќи се над големите проблеми кои ги има клубот.

Најдобар поединец на средбата беше Игор Карачиќ кој натпреварот го заврши со осум погодоци, а исто толку постигна и Даинис Криштопанс. Со шест гола натпреварот го заврши Сташ Скубе.

Голманот на „црвено црните“ Дејан Милосављев одбрани десет удари на противничкиот тим. Реванш средбата во Сегедин е закажана за недела на 5 мај.