Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полицијата истражува ужасен потег на еден човек, кој наводно објавил фотографија од починатото тело на фудбалерот Емилијано Сала од мртовечницата.
Да потсетиме, Сала почина по авионска несреќа на пат од Нант кон Кардиф. А по двенеделното пребарување беше откриен авионот со кој патуваше фудбалерот.
Со обдукција беше откриено дека фудбалерот починал поради тешки повреди на главата,.
„Свесни сме и згрозени дека некој објави фотографија од телото на Сала на социјалните мрежи. Семејството поминува тежок период и не им требаат вакви работи. Го истражуваме инцидентот за да откриеме, кој е одговорен за овој потег“, порачаа од полицијата.
Семејството поминува тежок период, зашто пред некој ден почина таткото на Емилијано од тага.