Сообраќајка во Турција: Почина чешки фудбалер во превртување на минибус (ВИДЕО)

Сообраќајка се случи во местото Динек, кое се наоѓа на влезот во Аланија, откако фудбалерите на Аланијаспор се враќале од мечот против Кајсериспор (1-1).

Во минибусот во време на несреќата се наоѓале осум фудбалери на тимот, а трагични вести пристигнаа утринава, откако беше објавено дека починал Јозеф Сурал.

Овој 29-годишен фудбалер од Чешка починал од повреда во болницата, а останатите седум фудбалери имале полесни повреди. Покрај Сурал во автобусот биле уште Сисе, Велинтон…

Турската јавност е во шок од случувањата, па уште не е јасно како се случила сообраќајната несреќа и во моментов полицијата работи на случајот, па наскоро се очекуваат повеќе информации.