Уапсени се лицата кои објавија фотографии од Сала од – мртовечницата!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Пред неколку дена на социјалните мрежи беше објавена фотографија од починатиот Емилијано Сало на социјалните мрежи, но истата беше тргната набрзо.

Некои луѓе решиле да го фотографираат безживотното тело на Сала, а полицијата веднаш почна потрага по истите и сега ги уапси.

Полицијата синоќа објави дека поради сомнеж дека објавиле фотографии од мртовечница се приведени 62-годишен маж и 48-годишна жена.

Инспекторот Гем Винтон жали поради неодамнешниот инцидент, а сега ги замоли сите да престанат да објавуваат такви фотографии.

„Би ги повикал луѓето да престанат да ја споделуваат фотографијата бидејќи тоа го повредува неговото семејство и пријателите“, вели Винтон.