Навивачите на Ливерпул барaат казна за Меси затоа што намерно го удрил Фабињо (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лионел Меси одигра фантастичен меч за Барселона во победата од 3-0 против Ливерпул, кадешто постигна два погодоци, но во центар на внимание е еден негов непримерен потег, кој ги налути англиските навивачи.

Меси постигна прекрасен погодок во 82. минута од слободен удар и сите зборуваат за него, но на социјалните мрежи се појави петиција меѓу навивачите на Ливерпул, кои бараат казна за Аргентинецот, кој намерно го удрил Фабињо во тек на една акција.