Уште еден играч на Арсенал по Ремзи и Чех официјално ќе го напушти клубот


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Дани Велбек нема да добие нов договор од раководството на Арсенал и ќе си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

28 годишниот фудбалер мака мачи со повредите уште од самиот старт на кариерата, па по неговиот трансфер од Манчестер Јунајтед во Арсенал пред четири години за „топчиите“ одигра само 126 натпревари на кои постигна 32 погодоци.

Велбек заедно со Ремзи и Чех се збогуваше со фановите на послендиот домашен натпревар кој Арсенал го одигра против Брајтон.

Се верува дека следна дестинација за некогашниот англиски репрезентативец ќе биде тимот на Њукасл.