Селекторот на Португалија ги откри плановите со Роналдо во претстојниот завршен турнир во Лигата на нациите...

Завршниот турнир на премиерното издани на Лигата на нациите ќе биде одигран на почетокот на јуни во Португалија.

На завршниот турнир освен домаќинот Португалија, ќе настапуваат уште Холандија, Англија и Швајцарија.

Европскиот шампион ќе биде предводен од Кристијано Роналдо кој не играше во натпреварите од групната фаза против Италија и Полска.

„Сигурно ќе биде на листата. Неговото отсуство во текот на групната фаза е објаснето и беше потполно разбирливо“, истакна Фернандо Сантос.

Португалија на 5. јуни во полуфиналето ќе игра против Швајцарија, а во вториот меч
ќе се соочат Холандија и Англија.

Селекторите на сите четири селекции се должни да го соопштат списокот играчи до 23. мај.